Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 мај 2026
NGC 3660 и галаксијата на Бурчин
Kredit za sliku & autorska prava: Adam Block, El Sauce Obs.
Објаснување: Горната галаксија можеби е пофотогенична, но долната е понеобична. Галаксијата горе е NGC 3660 — спирална галаксија слична на нашиот Млечен Пат, со неколку светли сини спирални краци и централна лента составена од ѕвезди, прашина и гас. Сосема случајно, на оваа длабока и шарена снимка е забележана и SN 2026cff — супернова што се наоѓа веднаш десно од централната лента. Многу подалеку во позадината се гледа долната галаксија, неформално позната како галаксијата на Бурчин, а официјално заведена како LEDA 1000714. Нејзиното јадро изгледа како стара елиптична галаксија, но необично е опкружено не со еден, туку со два ѕвездени прстени. Што точно ја создало галаксијата на Бурчин сè уште останува мистерија и предмет на тековни истражувања, но најверојатно станува збор за постепено привлекување и спојување на една или повеќе помали галаксии.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин