Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24 јули 2026

Спокојство и ведрина

Кредит за сликата & авторски права: Нуердсон Фереира

Објаснување: Морињата на Спокојството и Ведрината денес изгледаат мирно. Всушност, тие се мирни речиси секој ден, бидејќи не се вистински мориња, туку месечеви мориња – древни лавини рамнини што ги исполниле големите ударни басени на Месечината. Познати се и по своите латински имиња Mare Tranquillitatis (десно) и Mare Serenitatis. На оваа телескопска снимка нивните темни и мазни површини јасно се издвојуваат од светлите, густо кратерирани висорамнини што ги опкружуваат. Секако, нивните имиња потекнуваат од историските називи што овие области ги добиле уште пред појавата на телескопите. Видливи и со голо око, големите темни површини на блиската страна од Месечината некогаш биле замислувани како огромни океани, слични на оние на Земјата. На 20 јули 1969 година, лунарниот модул Eagle од мисијата Apollo 11 слета на Mare Tranquillitatis (долу десно), каде што беше воспоставена Базата Спокојство и започна првото човечко присуство на Месечината.

Утрешната слика:: Јато галаксии во настанување




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy