Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


25 јули 2026

Симулацијата TNG50: Формирање на галактичко јато

Кредит за сликата & авторски права: IllustrisTNG Project; Visualization: Dylan Nelson (Max Planck Institute for Astrophysics) et al.
Music: Symphony No. 5 (Ludwig van Beethoven), via YouTube Audio Library

Објаснување: Како се формираат јатата на галаксии? Бидејќи нашата Вселена се развива премногу бавно за да можеме непосредно да го набљудуваме тој процес, научниците создаваат компјутерски симулации што го прикажуваат многу побрзо. Една од најпознатите е TNG50 од проектот IllustrisTNG, унапредена верзија на познатата симулација Illustris. Во првиот дел од прикажаното видео се следи космичкиот гас (главно водород) додека од раната Вселена до денес постепено се развива во галаксии и галактички јата, при што посветлите бои го означуваат побрзото движење на гасот. Како што Вселената созрева, гасот паѓа во гравитациски потенцијални јами, се формираат галаксии, тие ротираат, се судираат и се спојуваат, додека во нивните јадра се создаваат црни дупки што исфрлаат околен гас со огромни брзини. Во вториот дел од видеото вниманието се префрла на ѕвездите, прикажувајќи го постепеното создавање на едно галактичко јато, заедно со неговите ѕвездени струи. Истекувањето на материја од црните дупки во симулацијата TNG50 е изненадувачки сложено, а неговите поединости сè уште се споредуваат со набљудувањата на вистинската Вселена. Проучувањето на начинот на кој гасот се обединил во раната Вселена им помага на научниците подобро да разберат како првично се формирале Земјата, Сонцето и нашиот Сончев Систем.

Утрешната слика:: Морничав вселенски меур




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy