Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25 јануари 2026
Фобос: осудена месечина на Марс
Кредит за слика & авторски права: NASA, LPL (U. Arizona), MRO, HiRISE
Објаснување: Оваа месечина е осудена. Марс, црвената планета именувана по римскиот бог на војната, има две мали месечини — Фобос и Деимос — чии имиња потекнуваат од грчките зборови за Страв и Паника. Овие марсови месечини можеби се заробени астероиди, потекнати од главниот астероиден појас меѓу Марс и Јупитер, или можеби од уште подалечни делови на нашиот Сончев Систем. Поголемата месечина, Фобос, навистина се гледа како објект налик на астероид, преполн со кратери, на оваа впечатлива колорна слика направена од роботската летало Mars Reconnaissance Orbiter, кое може да снима објекти мали и до 10 метри. Но Фобос орбитира толку блиску до Марс — околу 5.800 километри над површината, во споредба со 400.000 километри за нашата Месечина — што гравитациските плимни сили го влечат сè поблиску. За околу 50 милиони години, се очекува Фобос да се распадне и да се претвори во прстен од остатоци.
Утрешната слика:: Меуреста галаксија
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин