Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


25 февруари 2026

Маглината Јајце од телескопот Хабл

Кредит за слика & авторски права: Prasun Agrawal

Објаснување: Сте се запрашале ли некогаш како би изгледало кога би го скршиле Сонцето? Маглината Јајце, умирачка ѕвезда слична на Сонцето, ни помага да си го замислиме тоа. Прикажана е комбинација од неколку видливи и инфрацрвени снимки на маглината (позната и како RAFGL 2688 или CRL 2688), направени со Вселенскиот телескоп Хабл. Ѕвездата ги исфрлила своите надворешни слоеви, а светлото, жешко јадро („жолчката“) сега ги осветлува млечните „белки“ од гас и прашина што го опкружуваат центарот. Централните лобуси и прстени се структури од гас и прашина неодамна исфрлени во вселената, при што прашината е доволно густа за да го блокира нашиот поглед кон ѕвезденото јадро. Светлосни зраци излегуваат од тоа сокриено јадро, пробивајќи се низ отвори издлабени во постариот исфрлен материјал од понови, побрзи млазови исфрлени од половите на ѕвездата. Астрономите сè уште се обидуваат да откријат што ги предизвикува дисковите, лобусите и млазовите во оваа кратка фаза (само неколку илјади години!) од развојот на ѕвездата — што ја прави оваа слика навистина „јајцe-лентна“ за проучување!

Утрешната слика:: Спирална мрежа




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy