Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
24 октомври 2026
„Селфи“ на „Розета“
Кредит за сликата & авторски права: ESA/Rosetta/Philae/CIV
Објаснување: Ова „селфи“ на вселенското летало „Розета“ е направено на 7 октомври 2014 година. Во тој момент, леталото – кое ја следело кометата – се наоѓало на околу 472 милиони километри од планетата Земја, но на само 16 километри од површината на кометата 67P/Чурјумов-Герасименко. Во позадина, близу горниот дел од кадарот, се гледаат млазови од прав и гас што излегуваат од необичното јадро на кометата, кое се состои од два дела. Сончевата светлина силно се одбива од еден од соларните панели на „Розета“, кои се долги 14 метри. Всушност, за да се забележи оваа драматична сцена со висок контраст, биле комбинирани две експозиции – една кратка и една долга – направени со помош на системот камери CIVA, сместен на модулот за слетување „Филе“ (Philae), кој во тоа време сè уште бил прикачен за „Розета“. Избраното место за слетување се наоѓало на видливата хемисфера од помалиот дел на јадрото. Ова била последната фотографија направена од камерата на „Филе“ пред модулот да се одвои од „Розета“ на 12 ноември. Кратко по одвојувањето, „Филе“ направило уште една фотографија, гледајќи кон матичното летало, по што го започнало своето спуштање кон јадрото на кометата.
Утрешната слика:: Темни материи
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин