Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
24 мај 2026
Марсово затемнување: Фобос минува пред Сонцето
Kredit za sliku & autorska prava: NASA, JPL-Caltech, ASU MSSS, SSI
Објаснување: Што е тоа што поминува пред Сонцето? Личи на месечина, но не може да биде Земјината Месечина, бидејќи не е тркалезна. Тоа е Фобос — марсовата месечина. Прикажаното видео е снимено од површината на Марс во 2022 година од роверот Perseverance. Фобос, со пречник од околу 11,5 километри, е 150 пати помал од Луна (нашата Месечина), но истовремено и 50 пати поблиску до својата матична планета. Всушност, Фобос е толку близу до Марс, што се очекува во следните 50 милиони години да се распадне и да се урне врз планетата. Поради неговата ниска орбита, затемнувањата на Сонцето на Марс се многу побрзи отколку оние што ги гледаме од Земјата. Прикажаното видео е во реално време — преминот навистина траел околу 40 секунди, токму како што е прикажано. Снимателот — роботскиот ровер Perseverance (Percy) — и понатаму го истражува кратерот Језеро на Марс, барајќи не само траги од воденото минато на овој денес сув свет, туку и можни докази за древен микробски живот.
Утрешната слика:: Вселенски грутки
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин