Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23 јули 2026
RCW 86: Историски остаток од супернова
Кредит за сликата & авторски права:
David Cowland
Објаснување: Во 185 година од нашата ера, кинеските астрономи ја забележале појавата на нова ѕвезда во астеризмот Нанмен. Тој дел од небото денес на современите ѕвездени карти се поврзува со дел од јужното соѕвездие Кентаур. Според тогашните записи, новата ѕвезда останала видлива со голо око со месеци пред постепено да исчезне, а денес се смета за најстарото документирано набљудување на супернова. На оваа телескопска снимка од 21 век, на позадината исполнета со ѕвезди се забележуваат нежните контури на слаба емисиона маглина, препознаена како остаток од таа историска ѕвездена експлозија. Нејзиниот неправилен, но приближно кружен облик, каталогизиран како RCW 86, претставува меѓуѕвезден гас јонизиран од ударниот бран на суперновата, кој сè уште продолжува да се шири. Снимките направени од вселената покажуваат големо количество железо во RCW 86, како и отсуство на неутронска ѕвезда или пулсар во самиот остаток. Тоа укажува дека првобитната експлозија најверојатно била супернова од тип Ia. За разлика од супернова што настанува при колапсот на јадрото на масивна ѕвезда, суперновата од тип Ia претставува термонуклеарна експлозија на бело џуџе кое постепено насобрало материјал од својот придружник во двоен ѕвезден систем. Иако се наоѓа во близина на рамнината на нашата галаксија Млечен Пат и на небото зафаќа површина поголема од полната Месечина, овој остаток од супернова е премногу слаб за да може да се види со голо око. RCW 86 се наоѓа на оддалеченост од околу 8.000 светлосни години и има пречник од приближно 100 светлосни години.
Утрешната слика:: Спокој и мир
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин