Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24 јануари 2026

Залез на Земјата гледан од Орион

Кредит за слика & авторски права: NASA, Artemis 1

Објаснување: Осум милијарди луѓе се на пат да исчезнат во оваа снимка од вселената, направена на 21 ноември 2022 година. На шестиот ден од мисијата Артемис I, нивниот роден свет заоѓа зад светлиот раб на Месечината, гледан преку надворешна камера на вселенското летало Орион, кое се движеше по својата излезна траекторија. Орион се упати кон маневар на управуван прелет, при што се приближи на само 130 километри до површината на Месечината. Брзината добиена при овој маневар беше искористена за да се достигне далечна ретроградна орбита околу Месечината. Таа орбита се смета за далечна затоа што се наоѓа уште 92.000 километри подалеку од Месечината, а ретроградна бидејќи леталото орбитираше во спротивна насока од орбитата на Месечината околу планетата Земја. Обиколувајќи ја Месечината, Орион достигна максимално растојание од Земјата — нешто повеќе од 400.000 километри — на 28 ноември 2022 година, надминувајќи го рекордот поставен од Аполо 13 како најоддалечено вселенско летало наменето за човечко истражување на вселената. Мисијата Артемис II, која ќе пренесе 4 астронаути околу Месечината и назад кон Земјата, треба да биде лансирана најрано на 6 февруари.

Утрешната слика:: Осудена Месечина




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy