Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24 февруари 2026

Планетарна парада над Сиднејската опера

Кредит за слика & авторски права: Prasun Agrawal

Објаснување: Погледнете нагоре оваа недела и видете цела низа планети. Веднаш по зајдисонце, гледајќи кон запад (главно), планетите Меркур, Венера, Сатурн и Јупитер ќе бидат видливи истовремено со голо око. Ако имате телескоп, можат да се набљудуваат и Уран и Нептун. По редослед од хоризонтот нагоре, поставеноста оваа недела ќе биде: Венера (најсветла), Меркур, Сатурн, Нептун, Уран и Јупитер (втора најсветла). Не е важно каде на Земјата живеете, бидејќи оваа рана вечерна планетарна парада ќе биде видлива под ведро небо низ целиот свет. Планетите ќе изгледаат речиси порамнети затоа што сите орбитираат околу Сонцето во речиси иста рамнина: еклиптиката. Прикажаната фотографија покажува слична планетарна парада што се случи во 2022 година, снимена над Сиднејската опера во јужна Австралија. Иако ќе бидат видливи цела недела, планетите најлесно ќе се забележат заедно овој викенд.

Утрешната слика:: Вселенско јајце




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy