Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24август 2026

Кометата 220P во избувнување

Кредит за сликата & авторски права: Spilios Asimakopoulos

Објаснување: Кометата 220P е неочекувано светла. Вообичаено, периодичната комета 220P/McNaught е толку слаба што за да се види е потребен телескоп. Меѓутоа, две изненадувачки избувнувања оваа година ја направија околу 20.000 пати посветла од вообичаено, така што сега може да се види со двоглед и на долготрајни фотографски експозиции. Како што се очекуваше, кометата 220P продолжува да орбитира околу Сонцето меѓу Марс и Јупитер, со период подолг од 5 години. Прикажаната долготрајна експозиција, снимена пред 10 дена од Јужна Африка, ја покажува светлата зелена глава на кометата и нејзината кратка опашка од прашина. Причините за впечатливите избувнувања на кометата 220P не се познати, но би можеле да бидат предизвикани од ослободување на насобран гас под површината или од потреси во самата комета. Во октомври, кометата 220P ќе помине на растојание од Земјата приближно еднакво на растојанието меѓу Земјата и Сонцето, по што се очекува брзо да избледи додека повторно се упатува кон далечниот дел од својата орбита.

Утрешната слика:: Темна Месечина




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy