Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25август 2026
Сенка на Земјата визуелизирана со затемнувања на Месечината
Кредит за сликата & авторски права:
Tim Martin
Објаснување: Што ја создава оваа џиновска дупка во вселената? Ова не е црна дупка - туку сенка. Тоа е сенка на Земјата. Уште од времето на Аристотел, луѓето забележале дека темната сенка на Земјата на Месечината за време на делумно затемнување на Месечината е кружна - иако никогаш цел круг. Сепак, користејќи ја модерната дигитална технологија, сликите од повеќекратни затемнувања на Месечината можат да се комбинираат за да се прикаже целосната сенка на Земјата. Компилацијата на претставени слики од упорен астрофотограф е конструирана од 22 години затемнувања на Месечината. Месечината не се затемнува секој месец (месечина-ти) бидејќи орбитата на Месечината е малку навалена во однос на орбитата на Земјата. Деталниот преглед на некои слики од затемнувања на Месечината покажува слабо сина лента каде што атмосферата на Земјата филтрира повеќе црвена сончева светлина отколку сина. Подоцна оваа недела, ќе се случи ново затемнување на Месечината и ќе биде најдобро видливо во делови од Северна и Јужна Америка, Европа и Африка.
Утрешната слика:: Вселена со глава на лав
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин