Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23 март 2026
Светлосни столбови и Орион над Мохе
Kredit za sliku & autorska prava: Jeff Dai (TWAN)
Објаснување: Што се случува на крајот од таа улица? Ова што е прикажано не се поларни светлини, туку светлосни столбови — појава што обично се случува многу поблиску до нас. На повеќето места на Земјата, среќен набљудувач може да види сончев столб, вертикален зрак светлина што изгледа како да се издига од Сонцето, создаден од рамни, треперливи ледени кристали кои ја одразуваат сончевата светлина од горните слоеви на атмосферата. Обично, овие ледени кристали испаруваат пред да стигнат до земјата. Но, при многу ниски температури, тие можат да се формираат блиску до површината и понекогаш се познати како кристална магла. Тогаш, овие мали ледени кристали не ја одразуваат светлината од Сонцето, туку од светлата на земјата. На прикажаната слика се забележани не само бројни светлосни столбови, туку и препознатливото соѕвездие Орион, а фотографијата е направена во Мохе, најсеверниот град во Кина.
Утрешната слика:: Нерамна Земја
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин