Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
24 март 2026
Гравитациска мапа на Земјата
Kredit za sliku & autorska prava: NASA, GSFC, GRACE, SVS
Објаснување: Дали гравитацијата е иста насекаде на површината на Земјата? Не — на некои места ќе се чувствувате малку потешки отколку на други. Прикажаното видео со мапа на Земјата со бои и нагласени разлики покажува каде гравитациското поле е релативно посилно и послабо. Област со пониска вредност, каде што би се чувствувале малку полесни, може да се види веднаш покрај брегот на Индија, означена со сино, додека релативно повисока вредност се јавува во планините на Чиле во Јужна Америка. Причината за овие неправилности не секогаш се совпаѓа со денешните површински карактеристики. Научниците претпоставуваат дека важни фактори се кријат во длабоките подземни структури во Земјината обвивка и можеби се поврзани со изгледот на Земјата во далечното минато. Прикажаната мапа е составена од податоци добиени од двата сателити GRACE на НАСА, кои орбитираа околу Земјата од 2002 до 2017 година. GRACE ја мапираше гравитацијата на Земјата со прецизно следење на малите промени во растојанието помеѓу двата сателита.
Утрешната слика:: Вселенско око
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин