Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


23 мај 2026

Месје 2

Kredit za sliku & autorska prava: ESA/Hubble & NASA, G. Piotto et al.

Објаснување: По Раковидната Маглина, ова џиновско ѕвездено јато е вториот запис во познатиот список на астрономот од 18 век Шарл Месје, составен од објекти што не се комети. M2 е едно од најголемите топчести ѕвездени јата за кои денес знаеме дека се движат низ ореолот на нашата галаксија Млечен Пат. Иако Месје првично го опишал како маглина без ѕвезди, оваа прекрасна снимка од Хабл разрешува ѕвезди низ централните 40 светлосни години на јатото. Неговата ѕвездена популација брои речиси 150.000 ѕвезди, концентрирани во вкупен пречник од околу 175 светлосни години. Оддалечен околу 55.000 светлосни години, во насока на соѕвездието Водолија, овој древен жител на Млечниот Пат, познат и како NGC 7089, е стар 13 милијарди години. Неодамна беше откриен и продолжен ѕвезден поток од остатоци, поврзан со Месје 2 — белег на минато гравитациско плимно нарушување.

Утрешната слика:: Темно Сонце во движење




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy