Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


23 јануари 2026

Планетарна маглина Абел 7

Кредит за слика & авторски права: Martin Pugh

Објаснување: Многу бледата планетарна маглина Абел 7 се наоѓа на оддалеченост од околу 1.800 светлосни години. Таа лежи веднаш јужно од Орион на небото на планетата Земја, во насока на соѕвездието Лепус, Зајакот. Опкружена со расфрлани ѕвезди од Млечниот Пат, нејзината вообичаено едноставна сферична форма, со пречник од околу 8 светлосни години, е откриена на оваа длабока телескопска снимка. Убавите и сложени облици во космичкиот облак се визуелно нагласени со употреба на долги експозиции и теснопојасни филтри што го доловуваат зрачењето од атомите на водород и кислород. Во спротивно, Абел 7 би била премногу бледа за да може да се забележи со голо око. Планетарната маглина претставува многу кратка завршна фаза во ѕвездената еволуција, која и нашето Сонце ќе ја доживее за околу 5 милијарди години, кога централната ѕвезда на маглината, некогаш слична на Сонцето, ќе ги отфрли своите надворешни слоеви. Се проценува дека самата Абел 7 е стара околу 20.000 години. Но нејзината централна ѕвезда, видлива тука како избледувачко бело џуџе, е стара околу 10 милијарди години.

Утрешната слика:: Земјата на хоризонтот




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy