Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 мај 2026

Магливото царство на WR 134

Kredit za sliku & autorska prava: Luigi Morrone and Telescope Live

Објаснување: Оваа космичка снимка прикажува поле на поглед повеќе од двапати пошироко од полната Месечина, во границите на високата соѕвездие Лебед. Направена со астрономски теснопојасни филтри, сликата го истакнува светлиот раб на прстенеста маглина, обележан од сјајот на јонизиран водород и кислороден гас. Во широкото пространство од меѓуѕвездени облаци, сложените светлечки лакови претставуваат делови од обвивки од материјал што бил оттурнат од ветерот на Волф-Рајеовата ѕвезда WR 134, најсветлата ѕвезда близу центарот на сликата. Проценките покажуваат дека WR 134 се наоѓа на околу 6.000 светлосни години од нас, што значи дека оваа телескопска сцена опфаќа повеќе од 100 светлосни години. Губејќи ги своите надворешни слоеви преку моќни ѕвездени ветрови, масивните Волф-Рајеови ѕвезди го трошат своето нуклеарно гориво со огромна брзина и ја завршуваат последната фаза од својата еволуција со спектакуларна супернова. Нивните ѕвездени ветрови и конечната суперновска експлозија го збогатуваат меѓуѕвездениот материјал со тешки елементи, кои подоцна ќе станат дел од новите генерации ѕвезди.

Утрешната слика:: 2. место




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy