Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 јануари 2026

LDN 1622: Темна маглина во Орион

Кредит за слика & авторски права: Chris Fellows

Објаснување: Силуетата на една интригантна темна маглина го населува овој космички призор. Темната маглина на Линдс (LDN) 1622 се појавува наспроти бледа позадина од сјаен водороден гас, видлив само на долги телескопски експозиции од овој регион. За разлика од неа, посветлата одразна маглина vdB 62 е полесно забележлива, веднаш над прашливата темна маглина. LDN 1622 се наоѓа близу рамнината на нашата галаксија Млечниот Пат, и на небото е близу до Петљата на Барнард — голем облак што го опкружува богатиот комплекс на емисиони маглини во Појасот и Мечот на Орион. Со своите наназад извлечени контури, се смета дека засенчувачката прашина на LDN 1622 се наоѓа на слична оддалеченост, можеби околу 1.500 светлосни години. На таа далечина, видно поле широко 3 степени би опфатило околу 100 светлосни години. Млади ѕвезди навистина се кријат во оваа темна шир и биле откриени на инфрацрвени снимки од вселенскиот телескоп Спицер. Сепак, заканувачкиот визуелен изглед на LDN 1622 го инспирирал неговото популарно име — Маглината Бабарога.

Утрешната слика:: Слабата и претежно кружна




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy