Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 јули 2026
Карпа-желка на Марс
Кредит за сликата & авторски права:
NASA/JPL-Caltech/MSSS; Processing & License: Thomas Thomopoulos
Објаснување: Дали ова е фосилизирана желка на Марс? Не. Иако наликува на голема копнена желка од Земјата, всушност станува збор за слоевит карпест изданок на Марс, чија должина се проценува на околу 15 метри — многу повеќе од која било желка на Земјата. Роботското возило Curiosity на NASA минатиот месец наиде на оваа необична карпеста формација, наречена Miraflores, за време на својот 4922. Mарсовски ден од истражувањето на Црвената Планета. Можно е овој мал карпест рид да опстанал затоа што бил поотпорен на ерозија од околните карпи. одоцнежните ветрови го прекриле неговиот врв со портокалов марсовски песок. Под „оклопот“ на врвот јасно се гледаат бројни слоеви на наслагани карпи. Тие можеби сведочат за долга историја во која ветерот повремено таложел песок, а подземната вода подоцна го зацврстувала. Слични слоевити форми, обликувани од ветерот, постојат и на Земјата, како што се јарданзите во пустината Кајдам во Кина. Curiosity и неговиот придружник Perseverance продолжуваат да ја истражуваат древната историја на Марс, истовремено трагајќи по можни знаци на најраниот живот.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин