Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 јули 2026

Молекуларниот облак Корона Аустралис и јатото Лустер

Кредит за сликата & авторски права: DES/DOE/FNAL/DECam/CTIO/NOIRLab/NSF/AURA Image Processing: T.A. Rector (UAA/NOIRLab), R. Colombari & M. Zamani (NOIRLab) Text:Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Јужната Круна (Corona Australis) блеска со млади и древни небесни скапоцени камења. Молекуларниот облак Корона Аустралис, прикажан на левата страна од денешната слика, претставува вистински колаж од рефлексиони и емисиони маглини. Оддалечен околу 430 светлосни години, тој е едно од најблиските подрачја во кои се раѓаат ѕвезди во близина на Земјата. Во него има гас што е доволно студен (-260 °C или -440 °F) за да се собира и да создава протоѕвезди. Неодамна родените ѕвезди му даваат сини нијанси на облакот, бидејќи нивната светлина се одбива од околниот материјал. Танцот на двојниот ѕвезден систем R Coronae Australis ја разбранува маглината NGC 6729. Помладата од двете ѕвезди со своето ултравиолетово зрачење го јонизира околниот гас, предизвикувајќи тој да засвети. Јатото Лустер (NGC 6723), кое се наоѓа во горниот десен дел од сликата, изгледа како да виси над соседниот регион каде што се создаваат ѕвезди, но во стварност е оддалечено десетици илјади светлосни години повеќе. Иако NGC 6723 поминало низ повеќе периоди на создавање ѕвезди, при што се формирале и нешто помлади ѕвезди, неговиот „лустер“ сè уште блеска со ѕвезди кои се речиси стари колку и самиот универзум.

Утрешната слика:: Галаксија од нашето пријателско соседство




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy