Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 јануари 2026
Спирална галаксија со пречка NGC 1365 од Веб
Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, CSA, Janice Lee (NOIRLab) - Processing: Alyssa Pagan (STScI)
Објаснување: На растојание од само 56 милиони светлосни години, во правец на јужното соѕвездие Форнакс, NGC 1365 е огромна спирална галаксија со пречка, со пречник од околу 200.000 светлосни години. Тоа е двојно поголема од нашата сопствена спирална галаксија со пречка — Млечниот Пат. Оваа исклучително остра слика, направена со Инфрацрвениот инструмент со средни бранови должини (MIRI) на Вселенскиот телескоп Џејмс Веб, открива восхитувачки детали од оваа величествена спирала во инфрацрвена светлина. Полето на гледање на Веб опфаќа околу 60.000 светлосни години низ NGC 1365, истражувајќи го јадрото на галаксијата и нејзините светли, новородени ѕвездени јата. Сложената мрежа од прашливи нишки и меури е создадена од млади ѕвезди долж спиралните краци што се виткаат од централната пречка на галаксијата. Астрономите се сомневаат дека гравитациското поле на пречката на NGC 1365 игра клучна улога во еволуцијата на галаксијата, насочувајќи гас и прашина во вител на создавање ѕвезди и, на крај, снабдувајќи го активното, централно супермасивно црно дупче со материјал.
Утрешната слика:: Светлината, темнината и прашината
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин