Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 февруари 2026
Самрак со Месечината и планетите
Кредит за слика & авторски права: Tunc Tezel (TWAN)
Објаснување: Само два дена по ануларното затемнување на Сонцето за време на февруарската млада Месечина, тенок месечев срп се издига над западниот хоризонт по зајдисонцето во ова зимско самрачно небо. Неговата ноќна страна е слабо осветлена од земјината светлина (earthshine), а младата Месечина е придружена од три светли планети на претежно ведрото рано вечерно небо над селото Кираѕли, Турција. Внатрешната планета Венера се појавува најблиску до хоризонтот. На почетокот од нејзината 2026 година како вечерна ѕвезда на планетата Земја, блескавата Венера се гледа низ топлиот сјај на зајдисонцето близу до центарот на фотографијата. Точно над Венера, највнатрешната планета Меркур лесно се забележува бидејќи се наоѓа невообичаено високо над хоризонтот дури и додека самрачното небо постепено потемнува. Надворешната планета Сатурн, најоддалечената од планетите видливи со голо око, се наоѓа веднаш лево од осветлениот месечев срп.
Утрешната слика:: Роботи на Марс
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин