Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 февруари 2026

Сина прашина

Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, Mars Exploration Rover Mission

Објаснување: Што ако ја здогледате својата сенка на Марс — и таа не е човечка? Тогаш веројатно сте роверот Opportunity, кој го истражуваше Марс. Од 2004 до 2018 година, Opportunity ја проучуваше Црвената Планета, пронаоѓајќи докази за постоење на древна вода и испраќајќи спектакуларни снимки низ внатрешниот дел од Сончевиот Систем. На оваа фотографија од 2004 година, Opportunity гледа спротивно од Сонцето, кон кратерот Endurance, и ја забележува сопствената сенка на површината. Две од неговите тркала се видливи во долниот лев и десен агол, додека подот и ѕидовите на овој необичен кратер се протегаат во позадината. Кога во 2018 година беше зафатен од силна прашлива бура, роверот престана да одговара. Во 2019 година, NASA ги прекина обидите за воспоставување контакт и официјално ја прогласи оваа револуционерна мисија — првично планирана да трае само 92 дена — за завршена.

Утрешната слика:: Сина прашина




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy