Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


21август 2026

Забрзана снимка на ѕвездата S301 во орбита околу црната дупка во центарот на Галаксијата

Кредит за сликата & авторски права: Image Credit & License: ESO/GRAVITY Collaboration/L. Calçada
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Какво е чувството да се движите со огромна брзина околу ротирачка супермасивна црна дупка? Прикажаното видео е анимација со забрзана снимка од четиригодишните набљудувања на ѕвездата S301, која орбитира околу Стрелец A*, црната дупка со маса од 4 милиони Сонца во центарот на нашата Галаксија. S301 беше откриена во 2023 година со Интерферометарот на Многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија, сместена во пустината Атакама во Чиле. Астрономите неодамна открија дека на S301 ѝ се потребни приближно 8,7 години за да направи една обиколка околу црната дупка и дека достигнува брзина од 25.000 km/s. Таа ѝ се приближува на црната дупка повеќе од која било друга досега откриена ѕвезда, на растојание слично на она меѓу Сатурн и Сонцето. Бидејќи толку многу се приближува до Стрелец A*, S301 би можела да се искористи за директно мерење на брзината со која ротира црната дупка и за проверка на Ајнштајновата теорија на општата релативност. Според теоријата, ротирачката црна дупка го повлекува ткивото на простор-времето околу себе и со тоа влијае врз орбитите на блиските објекти.

Утрешната слика:: 1.706 метеори




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy