Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22август 2026

Главно Персеиди

Кредит за сликата & авторски права: Jakub Koukal (Valašské Meziříčí Observatory)

Објаснување: Снимките направени ноќта меѓу 12 и 13 август со четири специјализирани камери за следење метеори во една астрономска опсерваторија во Чешка беа порамнети и споени за да се добие оваа целоноќна слика на целото небо. Таа ноќ беа изброени вкупно 1.706 метеори. А бидејќи тоа се совпадна со максимумот на активноста на метеорскиот дожд Персеиди во 2026 година, повеќето од нив се Персеиди. Поради нивната огромна бројност, лесно можат да се препознаат. Трагите на Персеидите многу јасно водат наназад кон еден единствен радијант, кој на сликата се наоѓа горе десно, во соѕвездието Персеј, по кое овој годишен метеорски дожд го добил своето име. Но, на сликата можат да се откријат и метеори што припаѓаат на други, многу помалку активни метеорски дождови, ако се пронајдат и нивните радијанти. На пример, меѓу трагите на Персеидите се гледаат метеори од дождот Капа Кигниди, чиј радијант се наоѓа во соѕвездието Лебед. Може да се препознае и антихелионскиот комплекс — поширока област во близина на Водолија, на небото спроти Сонцето — како слаб извор на метеори.

Утрешната слика:: Меѓупланетарно патување




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy