Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 април 2026
Три небесни лакови над снежните Алпи
Kredit za слику & autorska prava: Angel Fux
Објаснување: Зошто има три лакови на небото наместо два? Минатиот месец, откако бил оставен со хеликоптер на висок планински врв во Алпите, близу швајцарско-италијанската граница, еден авантуристички астрофотограф очекувал во текот на ноќта да види два лака од нашата галаксија Млечен Пат. Тоа биле внатрешниот лак, кој гледа кон центарот на нашата галаксија на левата страна, видлив непосредно пред изгрејсонце, и надворешниот лак на десната страна, видлив веднаш по зајдисонце. Но имало три лакови. Изненадениот астрофотограф брзо сфатил дека небото било толку темно што се забележувал и цел лак од бледа зодијачка светлина — сончева светлина расеана од прашината во внатрешниот дел на Сончевиот Систем. Таа вешто ги поврзала двата лака на Млечниот Пат! Следното утро хеликоптер повторно го презел астрофотографот, а по 40 часа обработка и комбинирање на сликите од таа ноќ, настанала прикажаната 360-степенска панорама со три лакови.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин