Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 април 2026
Земјино заоѓање снимено со iPhone
Kredit za слику & autorska prava:
NASA, Reid Wiseman
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Што значи Земјата да заоѓа? Командантот на Artemis II, Рид Вајзман, ни овозможи уште еден спектакуларен поглед на Земјата за време на нивното историско прелетување покрај Месечината. Видеото на командантот Вајзман, снимено со iPhone со 8x зум, ја прикажува нашата цела планета како постепено се покрива од Месечината. На Земјата, 24-часовната ротација на планетата предизвикува Сонцето секоја вечер да заоѓа под вашиот хоризонт. Но, кај Artemis II, „земјиното заоѓање“ не е предизвикано од ротацијата на Месечината, туку од движењето на вселенското летало зад Месечината (околу 55-та секунда во видеото). Погледите на Земјата, кои некогаш беа ретки, денес се снимаат многупати дневно од бројни вселенски летала, меѓу кои и сателитот SVOT на НАСА (Surface Water and Ocean Topography), кој ги следи ресурсите на слатка вода, како и сателитите Landsat 8 и 9 на USGS што помагаат во управувањето со водата за земјоделците. Вселенските агенции ширум нашата матична планета денес соработуваат за да обезбедат уникатни и сè подобри погледи на нашата Земја.
Утрешната слика:: Замена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин