Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 март 2026
Пролетна рамноденица на опсерваторијата Теиде
Kredit za sliku & autorska prava: Juan Carlos Casado (Starry Earth, TWAN)
Објаснување: Одлучувачкиот астрономски момент на денешната рамноденица е во 14:46 UTC (20 март). Тоа е моментот кога Сонцето ја пресекува небесната екваторија движејќи се кон север во своето годишно патување низ небото на планетата Земја, означувајќи го почетокот на пролетта на северната полутопка и есента на јужната полутопка. Тогаш, денот и ноќта се речиси еднакви насекаде на Земјата. Всушност, и дневните и ноќните експозиции од една пролетна рамноденица на опсерваторијата Теиде во Тенерифе, Канарски Острови, Шпанија, се искористени во оваа композитна небесна сцена. Над 1.000 фотографии се направени со „fish-eye“ објектив и се споени во овој амбициозен проект за рамноденицата. Очигледното движење на Сонцето кое заоѓа долж небесниот екватор на денот на рамноденицата ја следи светлата, права, дијагонална трага од низата дневни експозиции направени во текот на 6 часа. По зајдисонцето, ноќните експозиции ги забележуваат траговите на ѕвездите, при што небесниот екватор се појавува како права линија, а концентрични лакови кружат околу северниот небесен пол близу Поларис горе десно и околу јужниот небесен пол под долниот лев раб (и под хоризонтот на Теиде). Во преден план се гледа далечниот врв на вулканот Теиде и пирамидалната зграда на соларната лабораторија на опсерваторијата.
Утрешната слика:: NGC 1300 и пријателите
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин