Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
21 март 2026
Галаксии во Реката: NGC 1300 и NGC 1297
Kredit za sliku & autorska prava: Dietmar Hager, Eric Benson
Објаснување: Спиралната NGC 1300 и елиптичната NGC 1297 се галаксии што се наоѓаат на „бреговите“ на јужното соѕвездие Еридан (Реката). На оддалеченост од 70 милиони светлосни години или повеќе, двете се членки на галактичкото јато Еридан. Со пречник од околу 100.000 светлосни години, во долниот лев дел од оваа остра фотографија на група галаксии, NGC 1300 се гледа фронтално, со изразен централен бар и големи, разгранети спирални краци. Како и другите спирални галаксии, вклучувајќи ја и нашата барирана спирална галаксија Млечен Пат, се смета дека NGC 1300 содржи супермасивна црна дупка во своето јадро. Во контраст по изглед и малку пооддалечена, NGC 1297 е приближно сферична, голема елиптична галаксија близу горниот дел од кадарот. Со малку активна ѕвездообразба, елиптичните галаксии се составени од постари ѕвездени популации и најверојатно се резултат на повеќекратни судири и спојувања со спирални галаксии.
Утрешната слика:: Збогум, убава плането
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин