Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 мај 2026
Темната Волчја Маглина
Kredit za sliku & autorska prava:
William Vrbasso
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Темен волк лежи во Gum. Не, ова не е загатка! Денешната слика ја прикажува Темната Волчја Маглина (Sandqvist–Lindroos 17), мистериозен облак од прашина сместен во маглината Gum 55 (RCW 113) во соѕвездието Скорпија. Иако прашината за нас често е непријатност, во вселената таа има клучна улога во создавањето услови за раѓање на ѕвезди. Темниот Волк ја впива силната ултравиолетова и видлива светлина што ја испуштаат младите ѕвезди во Gum 55, а потоа повторно ја зрачи на подолги, главно инфрацрвени бранови должини. На тој начин се спречува високоенергетската светлина да го загрее гасот во овој регион. Кога некој облак од гас ќе стане доволно студен, гравитацијата ја презема главната улога и предизвикува гасот да се собира сè додека не се роди нова ѕвезда. Прашината не е само меѓуѕвезден термостат, туку и место каде што поединечните атоми на водород се спојуваат во молекуларен водород — основниот градежен материјал за ѕвездите. Наизглед мрачниот Темен Волк всушност е предвесник на космичкиот живот.
Утрешната слика:: Пишувај
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин