Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


21 мај 2026

Судир на галактички јата

Kredit za sliku & autorska prava: X-zraci: NASA/CXC/CfA/C. Watson et al.; Optički: PanSTARRS; Image Processing: NASA/CXC/SAO/N. Wolk and P. Edmonds
Tekst: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Оваа голема и прекрасна спирала сјае во рендгенска светлина. Таа е околу 20 пати поголема од нашата Галаксија. Припаѓа на Abell 2029, галактичко јато оддалечено околу една милијарда светлосни години. (Ако сакате да ги видите само галаксиите, следете го овој линк.) Галактичките јата се најголемите структури во Вселената што ги одржува гравитацијата. Abell 2029 е составено од илјадници галаксии, опкружени со огромен облак од жежок гас и темна материја со маса еднаква на стотици трилиони Сонца. Спиралата е составена од гас, претежно водород и хелиум, загреан до десетици милиони степени. Во едно неодамнешно истражување, користејќи податоци од рендгенската опсерваторија Chandra на NASA, било откриено дека Abell 2029 се судрило со помало јато пред околу четири милијарди години. Судирот влијаел врз гравитациското поле и предизвикал гасот меѓу галаксиите да се разбранува, слично како вино што се движи во винска чаша, создавајќи ја оваа спирална форма.

Утрешната слика:: Ѕвездени ветрови




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy