Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 јули 2026
NGC 3576: Маглината „Статуата на слободата“
Кредит за сликата & авторски права:
Logan Carpenter
Објаснување: Летечка чинија од вселената се урна во пустината во Јута, откако претходно беше следена со радар и гонета од хеликоптери. Годината беше 2004, но во приказната немаше никакви вонземјани. Чинијата прикажана на фотографијата всушност е повратната капсула на мисијата Genesis, дел од истоименото роботско вселенско летало создадено од човекот, кое НАСА го лансираше во 2001 година за проучување на Сонцето. Неочекувано грубото приземјување, со брзина поголема од 300 километри на час, се случи затоа што падобраните не се отворија според планираното. Мисијата Genesis кружеше околу Сонцето, собирајќи честички од сончевиот ветер, кои вообичаено се одбиваат од магнетното поле на Земјата. И покрај тешкото приземјување, голем дел од вратените примероци останаа доволно добро сочувани за да можат да бидат анализирани. Откритијата од мисијата Genesis донесоа нови сознанија за составот на Сонцето и за тоа како застапеноста на одредени видови елементи се разликува низ Сончевиот Систем. Овие резултати дадоа интересни насоки за подобро разбирање на начинот на кој Сонцето и планетите се формирале пред милијарди години.
Утрешната слика:: Не е желка
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин