Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 јануари 2026
Ио во вистинска боја
Кредит за слика & авторски права: NASA, JPL, Galileo Project
Објаснување: Најчудната месечина во Сончевиот систем е светло жолта. Прикажаната слика, обид да се прикаже како Ио би изгледала во „вистинските бои“ што ги восприема просечното човечко око, е направена во јули 1999 година од леталото Галилео, кое орбитираше околу Јупитер од 1995 до 2003 година. Боите на Ио потекнуваат од сулфур и стопена силикатна карпа. Необичната површина на Ио постојано се обновува благодарение на нејзиниот систем на активни вулкани. Силната плимна гравитација на Јупитер ја растегнува Ио и ги пригушува нишањата предизвикани од другите Галилееви месечини. Настанатото триење силно ја загрева внатрешноста на Ио, предизвикувајќи стопената карпа да експлодира низ површината. Вулканите на Ио се толку активни што практично ја превртуваат целата месечина одвнатре нанадвор. Некои од вулканските лави на Ио се толку жешки што светат во темнината.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин