Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


20 февруари 2026

B93: Темен меѓуѕвезден дух

Кредит за слика & авторски права: Christian Bertincourt; Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: „Дух во Млечниот Пат…“ вели Кристијан Бертенкур, астрофотографот зад оваа впечатлива слика на Барнард 93 (B93). Како 93-ти запис во Каталогот на темни маглини на Барнард, B93 се наоѓа во Малиот ѕвезден облак во Стрелец (Месије 24), каде неговата темнина остро се издвојува наспроти светлите ѕвезди и гасот во позадина. На некој начин, B93 навистина наликува на дух, бидејќи содржи гас и прашина што биле распрснати од смртта на ѕвезди, како што се суперновите. B93 изгледа како темна празнина не затоа што е празен, туку затоа што неговата прашина ја блокира светлината што ја испуштаат подалечните ѕвезди и светлечкиот гас. Како и другите темни маглини, дел од гасот во B93, ако е доволно густ и масивен, со време ќе се згусне под дејство на гравитацијата и ќе формира нови ѕвезди. Доколку тоа се случи, кога тие ѕвезди ќе се запалат, B93 ќе се преобрази од темен дух во блескава лулка на новородени ѕвезди.

Утрешната слика:: Oтворен вселенски простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy