Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20август 2026
Слоновата сурла во Кефеј
Кредит за сликата & авторски права:
Eddie Sgarbossa
Објаснување: Како илустрација во галактичка приказна „Just So Story“, маглината Слонова сурла се витка низ регионот на емисија и комплексот на млади ѕвездени јатари IC 1396, во високото и далечно соѕвездие Кефеј. Исто така позната како vdB 142, оваа космичка слонова сурла е долга над 20 светлосни години. Деталниот телескопски поглед ги прикажува светлите заоблени гребени и џебови од ладна меѓуѕвездена прашина и гас што изобилуваат во регионот. Но, темните облаци во облик на лопатки содржат суровина за формирање ѕвезди и кријат протоѕвезди внатре. На речиси 3.000 светлосни години оддалеченост, релативно слабиот комплекс IC 1396 покрива голем регион на небото, кој се протега над 5 степени. Сепак, од горе до долу, оваа пробосцидна изведба достигнува поле на гледање широко речиси 1 степен. Тоа е малку помалку од аголната големина на 2 полни Месечини.
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин