Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
19 септември 2026
Зодијачка ноќ
Кредит за сликата & авторски права: Neelam and Ajay Talwar (TWAN)
Објаснување: Позната и како лажна аурора, светла лента од зодијачка светлина е заробена на ова темно ноќно небо. Овој спокоен поглед е снимен непосредно пред почетокот на астрономскиот самрак за време на септемврискиот фестивал за набљудување ѕвезди во оддалечениот резерват за темно небо Ханле во Ладак, Индија, планетата Земја. На надморска височина од околу 15.000 стапки, резерватот за темно небо обезбедува засолниште за набљудувачите на ѕвезди и астрофотографите. Додека метеорите се движат низ ноќта, светлата планета Јупитер се појавува потопена во слаб зодијачки сјај во близина на источниот хоризонт. Следете ја зодијачката лента кон зенитот за да го пронајдете отвореното ѕвездено јато M44 и планетата Марс, жолтеникава нијанса, во близина на центарот на сликата. Всушност, случајните детекции на меѓупланетарна прашина од страна на вселенското летало Јуно на НАСА сугерираат дека самиот Марс е извор на прашината што ја расејува сончевата светлина наназад и ја создава зодијачката светлина во ноќта на планетата Земја.
Утрешната слика:: Само сончеви денови
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин