Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


20 септември 2026

Аналема над камењата од Каланиш

Кредит за сликата & авторски права: Giuseppe Petricca

Објаснување: Ако излегувате надвор секој ден во исто време и фотографирате при што на сликата е вклучено и Сонцето, како би се менувала неговата положба? Визуелен одговор на тоа прашање е аналемата – сложена слика составена од фотографии направени од истото место и во исто време во текот на една година. Прикажаната аналема е составена од слики направени на секои неколку дена напладне, во близина на селото Каланиш на Надворешните Хебриди во Шкотска, Обединетото Кралство. Во преден план се наоѓаат камењата од Каланиш – камениот круг изграден околу 2700 година п.н.е., за време на бронзеното доба. Не е познато дали распоредот на овие камења има или имал некаква астрономска важност. Основните причини за обликот на бројката 8, карактеристичен за оваа и за сите аналеми, се наваленоста на Земјината оска и елиптичноста на Земјината орбита околу Сонцето. За време на сонцестоите, Сонцето се појавува на горниот или на долниот крај на аналемата. Прикажаната слика е направена во близина на декемврискиот сонцестој, па затоа Сонцето се гледа при дното. Рамнодениците, пак, одговараат на средишните точки на аналемата – но не и на точката на пресек. За два дена ќе настапи рамноденица („еднаква ноќ“), кога денот и ноќта се со еднакво времетраење на целата планета Земја. Многу култури ја слават промената на годишните времиња за време на рамноденицата.

Утрешната слика:: Отворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy