Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


19 октомври 2026

„Виолински клуч“: Невообичаен радио-извор, жежок во рендгенскиот спектар

Кредит за сликата & авторски права: X-ray: NASA/CXC/INAF-IRA/A. Botteon et al.; Infrared: UKIDSS-GPS; Radio: ASTRON/LOFAR; Image processing: NASA/CXC/SAO/N. Wolk

Објаснување: Што претставува „Виолинскиот клуч“? Оваа необична радио-структура се протега во должина од над 2 милиони светлосни години и потсетува на еден познат музички симбол – но нејзината видлива светлина е скриена зад нашата галаксија, Млечен Пат. Кога бил проучуван во 2004 година, природата на објектот VLSS J0318.9+5755, наречен „Виолински клуч“, останала непозната. Сепак, неодамнешните набљудувања со Рендгенската опсерваторија „Чандра“ и телескопот „еРОСИТА“ (eROSITA) доведоа до хипотезата дека централниот облак од наелектризирани честички во „Виолинскиот клуч“ првично бил исфрлен од супермасивна црна дупка во центарот на некоја галаксија. Откако радио-емисијата од тие честички избледела, можно е тие повторно да биле активирани од ударен бран настанат при судирот на две јата галаксии. На прикажаната композитна слика, радио-емисијата е претставена со црвена боја, додека неодамна откриеното рендгенско зрачење е прикажано во сина боја. Необичните објекти, како што е „Виолинскиот клуч“, ѝ даваат на човештвото неочекувани сознанија за тоа како меѓусебно дејствуваат цели јата галаксии, како и за општиот развој на нашата вселена.

Утрешната слика:: Обратна виножито




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy