Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 октомври 2026
Вентилатор од антикрепускуларни виножита
Кредит за сликата & авторски права: Aurelia degli Esposti
Објаснување: Ова е необично виножито. Како прво, виножитото не е целосно; се појавува само во облик на осветлен „вентилатор“ – но тоа само по себе и не е толку необично. Она што е најнеобично е привидната локација на Сонцето. Изгледа како Сонцето да се наоѓа пред нас, веднаш под оние ридови – но тоа не е така. Виножитата не функционираат на тој начин. Тие настануваат преку рефлексија на светлината од капките дожд, што значи дека Сонцето всушност мора да биде зад вас. Во овој случај, празнините меѓу облаците, во близина на Сонцето што заоѓа, им овозможиле на сончевите зраци да го преминат целото небо и да создадат впечаток дека се спојуваат пред набљудувачот – појава позната како „антикрепускуларни зраци“. Фотографијата е направена со мобилен телефон минатата недела, за време на зајдисонце во Презенцано, Италија. Ова навидум „обратно“ виножито било забележано додека се простирала облека.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин