Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


19 март 2026

Лансирен облак: SpaceX медуза

Kredit za sliku & autorska prava: Michael Seeley
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Флорида на 4 март. Лансирањето се случило 52 минути пред изгрејсонце, а издувниот облак од втората фаза на ракетата бил доволно високо на небото за да ја фати светлината од изгревањето на Сонцето, додека фотографот сè уште бил во темнина. Оваа комбинација на светлина и сенка, можна при зори или самрак, прави издувот, составен претежно од водена пареа и јаглерод диоксид, да изгледа како светлечки облак. Само изгледа како да се движи надолу, бидејќи ракетата ја следи закривеноста на Земјата на својот пат кон вселената. Поврзан ефект е самрачниот феномен, кој создава шарени траги на небото што понекогаш се мешаат со НЛО. Но, ако се прашуваш: вистински медузи биле испратени во вселената од страна на НАСА во 1990-тите како дел од научен експеримент.

Утрешната слика:: Ден и ноќ




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy