Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
19 мај 2026
NGC 2170: Ангелската маглина
Kredit za sliku & autorska prava: Jason Marriott
Објаснување: Дали ова е слика насликана со четка или фотографија? Во ова небесно апстрактно дело, создадено како со космичка четка, прашливата маглина NGC 2170, позната и како Ангелската маглина, сјае веднаш над средината на сликата. Одразувајќи ја светлината од блиските жешки ѕвезди, NGC 2170 е опкружена со други синкави рефлексиони маглини, црвена емисиона област, многубројни темни апсорпциски маглини и позадина исполнета со шарени ѕвезди. Како што апстрактните сликари често избираат обични предмети од секојдневието за свои мотиви, така и облаците од гас, прашина и жешки ѕвезди прикажани овде се вообичаен дел од ваква средина — огромен молекуларен облак во кој се раѓаат ѕвезди, сместен во соѕвездието Еднорог (Monoceros). Огромниот молекуларен облак Mon R2 се наоѓа изненадувачки блиску, на околу 2400 светлосни години од нас. На таа далечина, ова космичко платно би се простирало на повеќе од 60 светлосни години.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин