Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
19 јануари 2026
CTB 1: Маглината Медула
Кредит за слика & авторски права: Pierre Konzelmann
Објаснување: Што ја напојува оваа необична маглина? CTB 1 е проширена обвивка од гас што останала откако масивна ѕвезда во правец на соѕвездието Касиопеја експлодирала пред околу 10.000 години. Ѕвездата најверојатно детонирала кога во близина на своето јадро ги исцрпила елементите што можеле да создаваат стабилизирачки притисок преку нуклеарна фузија. Добиениот остаток од супернова, наречен Маглината Медула поради обликот што потсетува на мозок, и понатаму свети во видлива светлина благодарение на топлината создадена од судирот со околниот меѓуѕвезден гас. Зошто маглината свети и во рендгенска светлина, сепак, останува предмет на истражување. Една хипотеза претпоставува дека е создаден енергетски пулсар кој ја напојува маглината со брз ветер што се движи нанадвор. Следејќи ја оваа трага, во радио-бранови е откриен пулсар за кој се чини дека бил исфрлен од експлозијата на суперновата со брзина поголема од 1000 километри во секунда. Иако Маглината Медула изгледа голема колку полната Месечина, таа е толку бледа што за создавање на прикажаната слика биле потребни 84 часа експозиција со мал телескоп во Тексас, САД.
Утрешната слика:: Свет од вулкани
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин