Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 септември 2026
Месиер 33: Галаксијата Триаголник
Кредит за сликата & авторски права: George Chatzifrantzis
Објаснување: Малото, северно соѕвездие Триаголник е дом на оваа величествена спирална галаксија, Месиер 33, како што се гледа директно на небото. Неговите популарни имиња вклучуваат Галаксија Ветерница или едноставно Галаксија Триаголник. M33 е со пречник од над 50.000 светлосни години, трет по големина во Локалната група галаксии по Галаксијата Андромеда (M31) и нашиот Млечен Пат. На околу 3 милиони светлосни години од Млечниот Пат, се смета дека M33 е сателит на Галаксијата Андромеда, а астрономите во двете галаксии веројатно би имале спектакуларни погледи на големите спирални ѕвездени системи една на друга. Како што се гледа од Млечниот Пат, оваа остра телескопска слика ги покажува сините ѕвездени јата на M33 и розовите региони на формирање ѕвезди по должината на лабаво завитканите спирални краци на галаксијата. Всушност, пештерата NGC 604 е најсветлиот регион на формирање ѕвезди, виден овде на позиција околу 5 часот од центарот на галаксијата. Како и кај M31, популацијата на добро измерени променливи ѕвезди во M33 помогна оваа блиска спирална галаксија да стане космички репер за одредување на скалата на растојанија во Универзумот.
Утрешната слика:: Викенд исполнет со ѕвездени забави
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин