Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 март 2026
Лебед и осамено дрво
Kredit za sliku & autorska prava:
2025 Horacio Lander / AstroHoracio
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Едно осамено дрво стои во тивка ливада во Гвадалахара, Шпанија, силуетирано пред регионот на Лебед што се издига како пламен во ноќното небо. Овој длабок ноќен пејзаж е составен од повеќе експозиции и открива опсег на светлина и бои кои човечкото око не може целосно да ги види самостојно. Простирајќи се повеќе од илјада пати поголем аголен размер од полната Месечина, Лебед го „пали“ небото со активно формирање на ѕвезди, каде облаци од гас и прашина се собираат под влијание на гравитацијата сè додека не се активира нуклеарна фузија и се раѓаат нови ѕвезди. Овие ѕвезди го јонизираат околниот водороден гас, правејќи го да свети во црвеникава боја, додека нишките од меѓуѕвездената прашина апсорбираат дел од таа светлина и фрлаат темни сенки низ небото. Лебед е вистинско богатство од небесни објекти, меѓу кои се издвојуваат маглините Веил, Кресент и Пеликан, како и Лебед X-1, првата потврдена црна дупка. Лебед и понатаму носи нови научни сознанија, вклучувајќи и нов тридимензионален модел на Лебедовиот прстен, овозможен благодарение на опсерваторијата Чандра за рендгенски зраци.
Утрешната слика:: Медуза!
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин