Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 мај 2026
NGC 3169: Размотана спирална галаксија
Kredit za sliku & autorska prava: Simone Curzi and the ShaRA Team
Објаснување: Спиралната галаксија NGC 3169 изгледа како да се размотува, слично на огромно космичко клопче од предиво. Таа се наоѓа на околу 70 милиони светлосни години од нас, јужно од сјајната ѕвезда Регул, во насока на бледото соѕвездие Секстант. Нејзините завиени спирални краци се извлечени во долги плимни опашки додека NGC 3169 (лево) гравитациски заемодејствува со соседната галаксија NGC 3166. Со текот на времето овие галаксии ќе се спојат во една, што е честа судбина дури и за големите и сјајни галаксии во локалниот универзум. Развлечените ѕвездени лакови и облачести траги јасно сведочат за гравитациските сили што дејствуваат низ оваа длабока и шарена снимка на галактичката група. Телескопскиот кадар опфаќа околу 20 аголни минути, односно приближно 400.000 светлосни години на проценетата далечина на групата, а десно може да се види и помалата синкава галаксија NGC 3165. Познато е и дека NGC 3169 зрачи низ целиот спектар — од радио бранови до рендгенски зраци — бидејќи во нејзиното активно галактичко јадро се наоѓа супермасивна црна дупка.
Утрешната слика:: Вселенски ангел
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин