Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


18 јануари 2026

Јупитер од вселенскиот телескоп Веб

Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, CSA, Jupiter ERS Team; Obrada: Ricardo Hueso (UPV/EHU) & Judy Schmidt

Објаснување: Овој инфрацрвен поглед на Јупитер од Веб е навистина просветлувачки. Високорезолутивните инфрацрвени снимки на Јупитер направени со вселенскиот телескоп Џејмс Веб (Веб) откриваат, на пример, разлики меѓу високо лебдечките светли облаци — вклучувајќи ја и Големата Црвена Дамка — и ниските, темни облаци. Јасно видливи на прикажаната слика од Веб се и прашливиот прстен на Јупитер, светлите поларни аурори, како и месечините на Јупитер, Амалтеја и Адрастеја. Во јужната аурора се забележува и трагата од магнетното насочување на наелектризирани честички од големата вулканска месечина Ио кон Јупитер. Некои објекти се толку светли што светлината забележливо се дифрактира околу оптиката на Веб, создавајќи светлосни пруги. Веб, кој орбитира околу Сонцето во близина на Земјата, има огледало со пречник поголем од шест метри, што го прави најголемиот астрономски телескоп некогаш лансиран — со повеќе од шест пати поголема површина за собирање светлина од Хабл.

Утрешната слика:: Меѓуѕвезден лук




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy