Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


18 април 2026

PanSTARRS и планети

Kredit za слику & autorska prava: Luc Perrot (TWAN)

Објаснување: Близу источниот хоризонт пред изгрејсонце, кометата C/2025 R3 PanSTARRS станува сѐ посветла. Лесно се забележува со двогледи и мали телескопи, а можеби е на самиот праг да стане видлива и со голо око од места со темно небо. Иако не е јасно видлива со голо око, PanSTARRS сепак лесно се забележува на оваа фотографија направена на 16 април. Во погледот од вулкански врв над францускиот остров Реунион на планетата Земја, кометата го дели источниот претзориен небото со планетите Марс и Меркур, видливи со голо око, како и со послабo сјајниот Нептун. Сатурн се крие зад нискиот слој облаци што не успева целосно да ја сокрие старата српеста Месечина. Ова е добар викенд за набљудувачите на комети од северната полутопка да се обидат да ја видат PanSTARRS околу еден час пред изгрејсонце, додека кометата станува сѐ посветла приближувајќи се кон својот перихел на 19 април. На 26 април кометата ќе го направи своето најблиско приближување до нашата планета, но дотогаш ќе биде тешко видлива поради сончевиот сјај. Најдобри услови за набљудување на оваа комета PanSTARRS кон крајот на април и почетокот на мај ќе има од јужната полутопка.

Утрешната слика:: Поглед кон ѕвездите




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy