Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
19 април 2026
Око кон Млечниот Пат
Kredit za слику & autorska prava: Miguel Claro (TWAN, Dark Sky Alqueva)
Објаснување: Дали некогаш сте имале ѕвезди во очите? Се чини дека окото од левата страна ги има, и уште повеќе, изгледа како да гледа кон уште повеќе ѕвезди. Претставениот мозаик од 27 кадри е направен во 2019 година од Ојас де Салар во пустината Атакама во Чиле. „Окото“ всушност е мало езерце што го одразува темното ноќно небо додека Млечниот Пат се издига над него. Навидум мазната лента на Млечниот Пат всушност е составена од милијарди ѕвезди, украсени со нишки од прашина што ја апсорбира светлината и црвено светлечки маглини. Дополнително, видливи се и Јупитер (малку лево од галактичкиот лак) и Сатурн (малку десно). Светлата од малите населби ја прошаруваат необичната вертикална линија на хоризонтот. Карпестиот терен околу езерцето на некои повеќе им наликува на површината на Марс отколку на нашата Земја.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин