Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 септември 2026
Ковчег со богатство во маглината Карина
Кредит за сликата & авторски права:
ESA/Webb, NASA & CSA, M. Reiter; Acknowledgement: M. H. Özsaraç
Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Овој ковчег со богатство е полн со ѕвезди. Прикажаната слика е направена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА и прикажува столб од прашина во маглината Карина, во нашата Галаксија, на оддалеченост од околу 7.500 светлосни години. Столбот е составен од меѓуѕвезден гас и прашина, а обликуван е од моќни ѕвездени ветрови и зрачење од соседните ѕвезди, како што е блискиот ѕвезден систем Ета Карина, кој е посјаен од 5 милиони сонца. Процесот на создавање ѕвезди во внатрешноста на столбот го издлабува неговиот врв, создавајќи го отворениот капак на ковчегот. Астрономите проценуваат дека во компактно јато во внатрешноста на столбот има околу 70 ѕвезди. Се смета дека ова јато е старо само околу 1,3 милиони години. Меѓу многубројните млади ѕвезди се наоѓа и една масивна ѕвезда, со маса приближно 19 пати поголема од онаа на Сонцето. Помасивните ѕвезди се поретки, светат посилно и еволуираат побрзо од оние со помала маса. Тие се најсјајните скапоцености во овој ковчег со богатство.
Утрешната слика:: Што следи?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин