Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
17 март 2026
Полноглавците на IC 410
Kredit za sliku & autorska prava: Nico Carver
Објаснување: Овој телескопски крупен план ги прикажува централните области на инаку слабата емисиона маглина IC 410, снимени под небо од двор. Претставена во Хаблова колорна палета, сликата комбинира видливи широкопојасни и теснопојасни податоци со податоци од блиската инфрацрвена област. Под и десно од центарот се наоѓаат два извонредни жители на меѓуѕвездениот „езерец“ од гас и прашина — полноглавците на IC 410. Делумно прикриена од прашина во преден план, самата маглина го опкружува NGC 1893, млад галактички ѕвезден кластер. Формирани во меѓуѕвезден облак пред само 4 милиони години, исклучително жешките и сјајни ѕвезди од кластерот го енергизираат светлечкиот гас. Но самите космички полноглавци се составени од погуст и постуден гас и прашина. Со должина од околу 10 светлосни години, тие најверојатно се места на тековно создавање ѕвезди. Извајани од ѕвездени ветрови и зрачење, нивните „глави“ се обележани со светли рабови од јонизиран гас, додека нивните „опашки“ се протегаат подалеку од младите ѕвезди во центарот на кластерот. IC 410 се наоѓа на околу 10.000 светлосни години од нас, во правец на со маглини богатиот соѕвездие Кочијаш (Auriga).
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин